Транспарентноста на Општина Крива Паланка оценета како „многу добра“

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

Општина Крива Паланка со 89,9 % се наоѓа на четвртто место од вкупно рангирани 98 институции или на трето место помеѓу општините и е најдобро рангирана општина во Североисточниот плански регион.

Општина Крива Паланка континуирано работи на унапредување на транспарентноста и на приближување на услугите до граѓаните.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст