Градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари средба со пензионерите

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес оствари средба со преставници на Здружението на пензионерите- Крива Паланка и претставници на Здружението на инвалиди на трудот.

На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања од интерес на пензионерите, сугестии и предлози за унапредување на соработката со Општината, како и планирање и превземање на понатамошни конкретни активности од заеднички интерес.

Општина Крива Паланка има одлична соработка со пензионерите и сите нивни активности и потреби се поддржани од Општината, но сепак грижата за највозрасната група на граѓани продолжува и понатаму да се унапредува, зошто тоа се луѓето со најголемо животно искуство и капацитет, кои со својот труд и работа придонеле за градењето на заедницта и општеството и токму затоа заслужуваат достојно внимание и почит, изјави на средбата градоначалникот Мицевски.

Големина на фонт
Контраст