Заврши рехабилитацијата на патниот правец до манастирот Свeти Јоаким Осоговски

Заврши рехабилитацијата на патниот правец до манастирот Свети Јоаким Осоговски, кој во изминатиот период беше затворен за сообраќај. Поставен е комплетно нов слој асфалт, санирани се постојните свлечишта, изградени се потпорни ѕидови, поставени се риголи долж целата траса, а делови од патот се проширени со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од денес сите посетители, туристи и рекреативци, до заштитникот на градот и најголемиот туристички потенцијал и промотор на Крива Паланка ќе можат да се движат по новиот патен правец.

Проектот во висина од 16.000.000 денари, финансиски е поддржан од АФПЗЗРР и Општина Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст