ЈП Комуналец ги санира изворите на Калин Камен

Со оглед за зголемувањето на бројот на корисници и домаќинства во урбаниот дел на градот, како и најавата за сушна сезона во која е можен недостаток на вода за пиење, ЈП Комуналец со сопствени средства деновиве работи на санирање на изворите на Калин Камен.

Санирањето на изворите ќе овозможи дотур на нови количини на вода за пиење со што ќе се задоволат потребите за подолг период. Ставањето во функција на бунарскиот систем, како поскапа варијанта,  ќе биде само како дополнителна можност за надминување на евентуалните недостатоци на вода за локалното население.

 

 

Големина на фонт
Контраст