Изготвена техничка документација за два нови проекти за Крива Паланка

Општина Крива Паланка, преку  Министерството за финансии – Проектна единица за подготовка на техничка документација, обезбеди комплетна техничка документација за реализација на уште два нови проекти за граѓаните на Општина Крива Паланка.

Со оваа техничка документација се предвидува изградба на нова сервисна улица од левата страна, покрај  течението на Крива Река, која ќе се протега од Градскиот пазар до Станица за технички преглед на моторни возила. Исто така, техничка документација е обезбедена и за реконструкција на локален пат (зад Домот)  во с.Конопница.

 

Големина на фонт
Контраст