Извидничкиот одред Наум Наумовски Борче организираше еднодневена акција во природа

Извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“ од Крива Паланка, согласно годишната програма за работа и предвидените активности, изведе еднодневена акција за пешачење во природа, на релација Крива Паланка до водопадите на Kозја Река, познати како „Станачки водопади“.
Во оваа акција учество зедоа 30 членови на извидничкиот одред и волонтерот од Мировниот корпус Александар Бенишек, кој овие две години ќе биде ангажиран во општина Крива Паланка, а воедно ќе биде дел и од извидничкиот одред „Наум Наумовски Борче“.
Оваа акција на извидниците беше ново искуство за новопримените извидници, кои имаа можност да се запознаат со спецификите на селото Станци. Одговорен за акцијата беше Свете Милановски, старешина на одредот, одговорен за движето по релацијата беше Звонко Маџовски, началник на одредот, а одговорен за правилно движење и премин на опасните препреки на Козја Река беше Климентина Ангелова,  заменик началник на одредот.

 

Големина на фонт
Контраст