Заедничка акција на наjмладите за украсување на новогодишната елка на плоштадот Карпошово востание

Надлежните служби на општина Крива Паланка заедно со учениците од ООУ Јоаким Крчовски, ООУ Илинден и СОУ Ѓорче Петров денес започнаа заедничка креативна активност за  украсување на новогодишната елка, која за првпат оваа година беше поставена на  плоштадот Карпошово востание.

Во оваа заедничка акција, покрај учениците, учествуваа и граѓани и дечиња кои спонатано се вклучија во украсувањето на елката,  а акцијата беше организирана се со цел граѓаните на Крива Паланка, новогодишните празници да ги поминат во што поубав празничен амбиент и атмосфера, а општината да го добие потребниот сјај.

Со празничен новогодишен декор, со светлечки новогодишни елки, светлечки дрвца и топки, како и звездено небо, деновиве се работи на украсување на главната улица „Свети Јоаким Осоговски“ и локации во централното градско подрачје, а денешната заедничка акција за украсување  на новогодишната елка  е заокружуавње на приказната за убава празнична атмосфера и поубав дочек на Новата година.

Големина на фонт
Контраст