Градоначалникот Мицевски во обиколка на градежните активности во с.Конопница

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, заедно со претставници на стручните служби од општината, денеска беше во теренска обиколка на тековните работни активности за изградба на локален пат во с.Конопница, од  место викано Кула (Лиска) до м.в. Стублица, кон спој со А2.

Вкупна вредност на оваа градежна инвестиција е 10.034.033 денари,  изведувач на работите е ДПУ Енергоинвест трејд од Скопје, а финансиските средства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во рамки на оваа обиколка градоначалникот Мицевски имаше можност директно да направи увид во одредени проблематични точки и да разговара со дел од месното население, а во насока на согледување и надминување на евентуални недоразбирања околу правните процедури за експропријација.

Големина на фонт
Контраст