Во Крива Паланка одбележан Светскиот ден на волонтерите

По повод Светскиот ден на волонтерите, Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, синоќа организираше пригодна свеченост во просториите на ЛУ Градски музеј.

На настанот по повод одбележувњето Светскиот ден на волонтерите, пруситните имаа можност да  погледнат видео презентација за досегашните активности на младите волонтери од ОО Црвен крст, како и музичка точка, читање на првонаградените литературни творби од конкурсот на тема  „Храна за сите“ и да погледаат изложба на фотографии од активностите на волонтерите.

Во рамки на настанот беа доделени и благодарници за посебни заслуги на волонтерите, за нивната хуманост и активностите во кои безрезервно пружиле помош на оние на кои им е најпотребна.

Воедно, на градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, му беше врачен пехар за досегашната успешна соработка и подршка што општината ја пружа на оваа организација.

Големина на фонт
Контраст