Во ООУ„Илинден“ од Крива Паланка презентирани завршните активности и успешната соработка со волонтерот од Мировен корпус

Директорката на ООУ „Илинден“ од Крива Паланка, Марица Николовска заедно со своите соработници, денес организираше пригодна презентација на активностите, кои беа реалзирани во заеднича соработка со волонтерот  на Мировен корпус, г.Брендан Скали, а по повод завршетокот на неговиот двегодишен ангажман и престој во ова училиште.

Во оваа прилика директорката Николовска се обрати пред присутните и рече:

-Во текот на овие две години беа реализирани наза на заеднички активности со нашиот волонтер г. Брендан Скали, како што се органзирање на воннаставни активности и летни кампови со тематски содржини, подготовка на дополнителни материјали како помошно средство во наставата, помагање при донации на книги на англиски јазик, а во насока на спроведување на интерактивен пристап и креативност во спроведувањето на наставата по англиски јазик и другите наставни содржини, беше опремен и кабиниетот за интерактивна настава.

За успешно функционирање и за потребите на овој кабинет, беа набавени и лаптопи, видео проектор, телевизор, како и мултимедијална-смарт табла, за која беа органзирани доплонителни обуку за наставниците кои ќе ја  користат опремата, изјави пред присутните  директорката Марица Николовска.

Во оваа прилика директорката изрази големо задоволство и благодарност до сите учесници во реализацијата на успешните заеднички проекти,  а особена благодарност упати до волонтерот Скали и до  учениците, кои помогнаа во средувањето на нивното креативното катче-кабиниетот за интерактивна настава.

Мировен корпус е агенција за волонтерска служба на Владата на САД основана од страна на Претседателот Џон Ф. Кенеди во 1961 година, а Програмата со волонтери е дел од Договорот на Владата на Р.С. Македонија и  Мировен корпус, кој  се темели врз програмите за развој на заедницата.

Општина Крива Паланка има долгогодишна успешна соработка со Мировен корпус и преку Програмата со волонтери има реализирано низа на проекти за потребите на локалната заедница. И оваа година општината ќе ја искористи оваа можност и ќе биде домаќин на новиот волонтер на Мировениот корпус, кој треба да пристигне во деновите од наредната недела.

 

 

Големина на фонт
Контраст