ТППЕ од Крива Паланка со нови пет лиценцирани професионални пожарникари

ТППЕ од Крива Паланка од денеска доби нови пет лиценцирани професионални пожарникари кои успешно ја завршија шестмесечната обука во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ).

Ова кадровско  зајакнување на ТППЕ Крива Паланка е во насока на поефикасна и брза интервенција на припадниците на единицата, нивната мобилност, како и навремено спасување на граѓаните и заштита на имотите загрозени од пожари, експлозии и голем број други елементарни непогоди.

Градоначалникот Мицевски им го честита вработувањето на пожарникарите и им посака успешно да ги извршуваат обврските, а воедно упати голема благодарност до Бригадата за против-пожарна заштита на Град Скопје и до командантот на БППЗ Влатко Симоновски за приемот, претстојот и спроведената обука на нашите пожарникари.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст