Градоначалникот Мицевски панелист на конференцијата „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“

Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Борјанчо Мицевски беше панелист на конференција организирана во Скопје од страна на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, ИРЗ – Тетово и Алка од Скопје, која се реализираше во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“.

Конференцијата беше на тема „Финансирање на локалните граѓански организации од општинските буџети“ на која се дискутираше за начините, висината, практиките и резултатите во финасирањето на граѓанските организации од буџетите на локалните самоуправи, како и разгледување на соодветен модел, кој би бил најприфатлив како за граѓанските организации, така и за локалната самоуправа.

Општина Крива Паланка беше директно вклучена во ваков тип на проактивна соработка и активности со граѓанските организации и градоначалникот Мицевски пред присутните ги изнесе практичните искуствата  од директната соработка на локалната самоурава со локалните граѓански организации, како и своите забелешки, согледувања и препораки во насока на подобрување и унапредување на меѓусебните односи и јакнењето на нивните  капацитети.

На конференцијата свое воведно излагање имаа и заменик министерот за локалана самоуправа, Дејан Павлески, претставникот на Делегацијата  ЕУ, Никола Бертолини, заменик директорката на ЗЕЛС, Ардита Дема Мехмети и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Големина на фонт
Контраст