Прием за младите спортистки од Крива Паланка – државните прваци во кошарка

Денес градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски приреди прием  во чест на државните прваци од женската екипа на Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ во конкуренција до 14 години, како и за женската екипа од Основно општинско училиште „Јоаким Крчовски”, Крива Паланка, која е државен првак во кошарка по завршувањето на спортската училишна лига.

Градоначалникот Мицевски им ги честиташе големите успеси на младите спортистки и нивните тренери и во оваа пригода изјави:

„Морам да признам дека после година и шест месеци од мојот мандат, градоначалничкиот кабинет никогаш не бил поубав од денеска, а тоа е благодарение на Вас и вашите успеси. Тука гледам многу насмеани и ведри лица, кои освоија многу награди и пехари, што е големо задоволство за нас како локална самоуправа.

Вашите достигнувањата во сферата на спортот, достигнувањата што се по однос на клубското првенство на национално ниво и сето она што го правите за нашата општина, заедно со вашите тренери, верувајте дека не само мене како градоначалник на Крива Паланка, туку и сите кривопланчани ги правите многу горди. Во таа насока, Ви посакувам уште многу вакви успеси  со кои заеднички ќе се гордееме и Ви посакувам  и во иднина да бидете достојни репрезенти на клубскиот и училишниот спорт и Кошаркарскиот клуб  „Крива Паланка“.

Донесете ни многу  вакви победи, радост и гордост, а ние како локална самоуправа сме тука  да го помогнеме и поддржуваме спорот низ различни форми и механизми, а наша заедничка цел е да ја профилираме и промовираме Крива Паланка како еден од врвните градови во сферата на кошарката на национално ниво, меѓу малкуте општини кои ни се конкуренти во овој спорт“.

Ова е досега најголемиот успех на ниво на училишен и клубски спорт на кривопланечките кошаркарки и тоа благодарение на многу тренинзи, многу вложен труд и многу одиграни натпревари, напори и одрекувањата на младите девојчиња, кои се под водство на тренерот и наставник, Мирослав Ивановски, како и стручениот тим од Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ и тренерот  и професор  по физичка култура, Ведран Белешковски.

Големина на фонт
Контраст