Се прошируваат капацитетите на детската градинка „Детелинка“

Во текот на денешниот ден, од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски и претставници од локалната смоуправа, како и изведувачот на градежните работи, во присуство на директорката од  ОЈУДГ „Детелинка“, извршена е контрола на активностите,  кои се одвиваат во рамки на реализација на проектот  за пренамена,  адаптација и проширување на капацитетите на ОЈУДГ  „Детелинка“.

Со реализацијата на овој проект ќе се надминат тековните проблеми со недостатокот на капацитети за сместување, за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст