Промовирани новите униформи и нова опрема на Противпожарната едница во Крива Паланка

Денес во општина Крива Паланка со смотра на Територијалната  противпожарна единица беше извршена промоција на новонабавените униформи и дел од новата опрема.

Новата опрема и новите униформи се обезбедени од страна на општина Крива Паланка, а согласно новиот правилник за работа на ТППЕ. Вкупната вредност на опремата е 350.000 денари и претставува прва ваква набавка на опрема од превземањето на единицата од МВР.

На смотрата на ТППЕ Крива Паланка, присувствуваше градоначалникот Борјанчо Мицевски со претставници на локалната самоуправа.

Градоначалникот Мицевски во оваа пригода се осврна на успесите на Тероторијалната противпожарна единица и нагласи дека Општината континуирано и максимално посветено ќе соработува со  единицата.

-Се надевам дека неодамнешното кадровско  зајакнување на ТППЕ Крива Паланка, отпочнувањето на нивна стручна обука во тековниот месец, како и набавката на новите униформи и опрема, ќе го зголеми нивото на професионалност и ефикасност на припадниците на единицата, нивната мобилност и браза интевенција во случаи на загрозеност и заштита на граѓаните и нивните имоти од пожари, експлозии и други несакани елементарни непогоди, изјави градоначалникот Мицевски.

 

Големина на фонт
Контраст