Во Крива Паланка се одржа инфо ден за ИПАРД 2 програмата

Во рамки на инфо деновите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска  во Крива Паланка беа презентирани можностите за искористување на средства од ИПАРД 2 програмата.

Министерот Николовски ја отвори работилницата на која присуствуваа и раководителот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи, заменик директор на АФПЗРР, Абдуљ Селам Селами, одговорниот за ИПА програмата Живко Брајковски, кои на големиот број заинтересирани –присутни им ги претставија и посочија сите можности на ИПАРД програмата.

– Интересот  за сите мерки кои се распишуваат во овој период преку ИПАРД 2 програмата со која на располагање на земјоделците им стојат над осумдесет  милиони евра  е голем, а покрај овие средства за модернизација на земјоделството и руралниот развој, во овој период сме фокусирани и на акредитација на дополнителни мерки, особено на мерката за рурална јавна инфраструктура која ќе ја користат општините и тоа ќе бидат  дополнителни 10 милиони евра за општините, изјави на денешниот инфо-ден за спроведување и користење на ИПАРД 2014 – 2020 во Крива Паланка министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, во обраќањето истакна дека Кривопаланечкиот регион има потенцијали за развој на земјоделието, но исклучително важна е и инфраструктурата за пристап до земјоделските површини. Во таа насока, рече, многу се важни мерките кои ќе се отворат во наредниот период.

-Ние како локална самоуправа веќе имаме подготвено некои проекти и ќе работиме на дополнителна проектна документација за да аплицираме за искористување на средства до ИПАРД за развој на регионот, рече Мицевски. 

 

Големина на фонт
Контраст