Новогодишни честитки од учениците до градоначалникот Мицевски

Традиционално во пресрет на Новата година и Божиќните празници, денес дел од учениците од ОУ Јоаким Крчовски, заедно со наставничката Јагода Ангеловска, беа во посета кај градоначалникот Борјанчо Мицевски и му подарија новогодишни подароци, како самостојни изработки од учениците и му ја честитаа Новата година.

Во оваа пригода, градоначалникот Мицевски се заблагодари за вниманието и подароците и воедно на сите ученици и наставници им посака многу успеси и многу петки.

 -Да ми бидете сите здрави и живи, весели, и да имате среќнно и безгрижно детство,  им посака градоначалникот Мицевски.

 

Големина на фонт
Контраст