Потпишан договор за проширување на капацитетите на детската градинка „Детелинка“

Денес градоначалникот Борјанчо Мицевски го потпиша Договорот  за соработка помеѓу Општина Крива Паланка, Министерството за труд и социјална политика и Фондацијата Отворено општество, за имплементација на Проект за пренамена,  адаптација и проширување на капацитетите на ОЈУДГ  Детелинка.

Со реализацијата на  овој проект се надминуваат тековните  проблемите со недостатокот на капацитети за сместување, за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во општина Крива Паланка. Според планираната динамика на изведување  активностите треба да бидат завршени до месец мај 2019 година.

Како страни потписници на Договорот за соработка и финасиско учество во имплементација на Проектот аплициран од  Општина Крива Паланка,  беа  министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Фондацијата Отворено општество, Фани Каранфиловска Пановска.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст