Доделени новогодишни пакетчиња за најмладите од Крива Паланка

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Борјанчо Мицевски и претседателаката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, заедно со претставници од општинската администрација, ги посетија дечињата од  трите објекти на градинката Детелинка, Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и учениците сместени во ученичкиот дом Боро Менков и  подарија новогодишни пакетчиња на сите дечиња од овие установи.

Со овој чин, локалната самоуправа во детските срца разбуди надеж за подобро утре во нивните домови, давајќи им до знаење дека и тие се дел од големото семејство кое се вика oпштина Крива Паланка, која посебно внимание им посветува на најмалите, водејќи грижа за подобрување на нивниот развој и воспитно образовен процес.

Дечињата, пак, возвратија со новогодишни песни, топли прегратки, искрени насмевки и подароци, кои ги изработиле со нивните воспитувачи.

Доделувањето на новогодишни пакетчиња за дечињата од општинските установи, веќе е традиција во општина Крива Паланка, а поддршката за Детската градинка, Дневниот центар за лицата со посебни потреби и Ученичкиот дом, ќе продолжи и во наредниот период.

Големина на фонт
Контраст