Реализиран проектот „Тренингот не е мода, тоа е навика“

Кик бокс клубот „ПАТРИОТ“ од Крива Паланка го реализира проектот „Tренингот не е мода, тоа е навика“, кој финансиски е поддржан со средства од буџетот на  Општина Крива Паланка.  

Во рамките на проектот реализирани се континурани спортски активности, кои  ги спроведуваше Кик бокс клубот „Патриот’’, а кои воглавно се однесуваа на ангажирање на деца во тренажнот процес, заеднички тренинзи со пријателски клубови од земјава и странство, како и вклучување на најистакнатите челнови во  системот  на натрпревари во кој активно се ангажирани 10 регистрирани натпреварувачи од клубот. За потребите на проектот беа испечатени флаери за промоција на оваа спортска активност како  и  маици за членовите на клубот.

Идејата на овој проект произлезе од потребата за надминување на последиците од брзиот начин на живот и неактивноста на децата, наметнат од страна на современите технолошки достигнувања. Затоа од страна на Кик бокс клубот „Патриот’’, кој работи под менторство на дипломираниот тренер за боречки спортови, Жарко Ангеловски, беа превземени посериозни чекори за што помасовно вклучување на децата во програмите на физичка активност, во конкретниот случај  во кик боксот, а се со цел подигање на свеста кај децата од 5-18 годишна возраст за придобивките од занимавањето со спорт и практично вежбање на кик бокс.

Општата цел на проектот „Тренингот не е мода, тоа е навика“ е создавање на здрави генерации на млади луѓе кои ќе бидат високо морални личности, модел на примерно однесување и здрав спортски изглед. Ваквите млади луѓе треба да бидат водечката сила во позитивните општествени промени на нашата заедница.

   

 

 

 

Големина на фонт
Контраст