Градоначалникот Мицевски во посета на општина Трговиште, Р.Србија

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска ја посети општина Трговиште, Р.Србија, на покана на градоначалникот  Ненад Крстиќ, а по повод празникот на градот летен Свети Никола.   

Во присуство на голем број на граѓани и гости, со литургија, литија и со славски колач општина Трговиште го одбележа својот празник, Свети Никола. 

Средбата беше искористена и за размена на искуства за унапредување на соработката на двете соседни општини, нивно инфраструктурно поврзување и олеснување на комуникацијата на граѓаните од двете страни на границата.

Големина на фонт
Контраст