Претставување на новогодишната програма на Општина Крива Паланка

Почитувани медиуми, драги сограѓани,

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, општина Крива Паланка, заедно со пријателите и соработниците-НУ Центар за култура од Крива Паланка и ЛУ Градски музеј, организираа неколкудневна новогодишна програма со бројни активности за нашите сограѓани, а се со цел кривопаланчани да имаат можност овие празнични денови да ги поминат во духот на заедништво, мир,толеранција и љубов.

Во оваа прилика сакаме да Ви ја презентираме Програмата со активностите и да Ве повикам,  заедно да ја проследиме, уживаме и на некој начин учествуваме во истата.Програмата започна од понеделник 25.12.2017год. – Општина КриваПаланка во соработка  со нашата сограѓанка, хуманитарец и бизнисмен Марија Дибиаџо организираше дарување на новогодишни пакетчиња за дечињата од село Нерав и село Огут.

Вторник 26.12.2017 год.

Општинската Организација на Црвен крст во соработка со општина Крива Паланка, организира крводарителска акција, која ќе се спроведе во просториите на ОО Црвен Крст започнувајќи од 9.00 до 15.00 часот.

Среда 27.12.2017 год.

Од 10.00 часот Општината организира новогодишен прием за децата на бранителите од територијата на  Крива Паланка.

Од 12.00часот во кабинетот на градоначалникот на општина Крива Паланка се организира новогодишен прием за членовите на бизнис заедницата, пратставниците на граѓанските здруженија и организации, претставници на државните и локалните институции и медиуми и други видни членови на нашата заедница.

Чeтврток 28.12.2017 год.

Општина Крива Паланка организира дарување на новогодишни пакетчиња на дечиња згрижени во Дневениот центар за грижа на лица со попреченост, пакетчиња за дечињата од градинките, како и пакетчиња за деца од социјално ранливите групи,приматели на социјална помош и пакетчиња за дечињата од градинките.(за децата од Дневниот центар и градинките пакетчињата ќе им се врачуваат од 8,30 до 11.00ч.- на терен, за децата од ромска националност од 11.30  а за децата од ранливите групи од 15.00ч. во просториите на ЛУ Градски музеј).

Од 12 ч. и 30 мин. на сцената во НУ Центар за култура, младите кривопланчани ќе имаат несекојдневна можност да ја проследат Театарската представа „Дедо Мраз дојде и кај нас во изведба на Драмското студио при Националната установа Центар за култура од Крива Паланка.

 Од 19.00 часот Коктел за вработените и Советот на општината

Во 20.00 ч. во соработка со ЛУ градски музеј, организиравме изложба и џез концерт ,,СИТЕ БОИ НА ЏЕЗОТ“. Овој настан ќе се одвива во просториите на уметничката галерија во ЛУ Градски музеј.

Во Петок 29.12.2017год.

Општина Крива Паланка во соработка со општинските воспитно образовни установи, организира дневен концерт со наслов „Новогодишни Музички снегулки“  со почеток од 12.00часот наплоштадот ,,Карпошово востание“, како и пристигање на Дедо Мраз на крајот од концертот.

На овој музички хепенинг, покрај учениците од основните училишта и гимназијата, свој настап ќе имаат и децата од Дневниот центар за деца со попреченост, како и намладите од градинката ,,Детелинка“, кои заедно со своите ментори подготвија музички точки за сите нас. Како специјален гостин на новогодишниот дневен концерт, свој настап ќеима и Мартија Станојковиќ од Куманово-македонска тинејџ звезда, учесничка на популарното балканско музичко шоу ,,Пинкови звездички“.

16.00 часот – Прием за членовите на поп-рок групата ЦРВЕНА ЈАБУКА во кабинетот на градоначалникот и врачување на општинска плакета.

Почитувани сограѓани, Новогодишните празнични активности ги завршуваме во петок навечер со концертот на популарната ЈУ поп-рок група, ЦРВЕНА ЈАБУКА  со почеток од 20.00 часот на Плоштадот ,,Карпошово Востание“. Овој несекојдневен музички настан, Општина Крива Паланка го организира со помош и спонзорство од страна на  БУЛМАК- Рудници Тораница, кој се јавува како генерален спонзор, како и фирмите „Студенац“, „Воденица 3“, „Зегин“ и ЈП Комуналец, Голден Арт, Такси Бон-тон, Пицерија Ројал, Кафе-бар Синема, кои како општествено одговорни компании со големо задоволство го поддржаа концертот, како новогодишен подарок за убавите празнични доживувања на  кривопаланчани.

Драги сограѓани, претојните празници се и можност да се потсетиме на вистинските вредности од кои произлегуваат нашите мисли и зборови, нашите дела, но и нашата иднина. Затоа, да им се радуваме на малите нешта што ја чинат големината на животот. Да им го посветиме сето наше внимание, нашата љубов и почит на нашите семејства, на нашите деца, на нашите соседи и пријатели. Да ги поделиме добрите мисли со оние на кои им е потребна утеха, помош и поддршка.

Големина на фонт
Контраст