Веб сајтот на Општина Крива Паланка меѓу најдобрите

Веб сајтот на Општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk  го освои третото место за најдобар сајт во категоријата на владини/државни институции за 2017 година.

Во присуство на околу двесте гости, во најголем дел креатори, сопственици, дизајнери, автори на содржините на голем број македонски веб-сајтови, во Македонската опера и балет на 16.12.2017 г. беа доделени наградите Сајт на годината за 2017 година. Манифестацијата се одржа осма година по ред, во организација на дигиталната маркетинг агенција Media Solutions која е сопствeник на платформата keepaneye.mk, а со поддршка на Министерството за култура на РМ, Градот Скопје и Кожувчанка ДОО Кавадарци. Сајт на годината низ годините прерасна во престижна манифестација, која има за цел да ги истакне и награди најдобрите сајтови во изминатата година во повеќе категории, и да го вреднува трудот на големиот број млади и талентирани автори од повеќе области кои работат во веб издаваштвото.

Карактеристично за овој натпревар е тоа што македонските интернет посетители ги номинираат и гласаат за своите омилени сајтови на сајтот на манифестацијата. Оваа година своите гласови ги дадоа речиси десет илјади интернет посетители од Македонија.

Освен гласовите  од граѓаните, главната селекција за најдобрите сајтови ја врши жири комисија која ги оценува сајтовите според техничките параметри, дизајнот, функционалност/употребливоста, содржината, интерактивноста и иновативност/креативноста.

Наградата е мотивација за Општина Крива Паланка да бидеме уште подобри, потранспарентни и подостапни за граѓаните.

Големина на фонт
Контраст