Се одржа обука на тема „Искуства“ по проектот „Грижа за стари лица“

На ден  04.10.2017 година со почеток во 11.00 часот се одржа обука на  тема „Искуства“ од страна на секретарот Дарко Пешевски на ОО „Црвен Крст“ Крива Планка, предвидена во рамки на активностите по проектот „Грижа за стари лица“ произлезен од Програмата за општинско корисна работа.

Проектот „Грижа за стари лица“ е  во рамки на Програмата за општинско-корисна работа, а е подржан од Организацијата за развој на Обединетите нации- УНДП,  Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерствотот за труд и социјална политика.

Проектот е финансиран од страна на Организацијата за развој на  Обединетите нации- УНДП, а Општина Крива Паланка е носител на проектот и учествува со сопствени средства за да може проектот целосно да се реализира.

Проектот оваа година ќе се реализира по вторпат на територија на Општина Крива Паланка и ќе бидат вклучени 15 лица, а ќе бидат опфатени 130 корисници односно тоа се стари и изнемоштени лица во 9 (девет) рурални населби Жидилово, Узем, Костур, Станци, Конопница, Мождивњак, Тлминци и Длабочица.

 

Големина на фонт
Контраст