Во Општина Крива Паланка континуирано се спроведува интензивно косење на тревните површини

Поради зголемените потреби за одржување на бујната тревна вегетација на јавните зелени површини, Општината ангажираше три невработени лица од социјално ранливи категории како дополнување и поддршка на постојната служба за одржување на урбаното зеленило при јавното комунално претпријатие Комуналец. Ангажманот се реализира преку Програмата за социјална, здравствена и друга заштита.

Во изминатите две недели беа спроведени активности за косење на тревната вегетација на повеќе локации, меѓу кои:

-околината на спортско-рекреативниот центар,
-просторот покрај пешачката патека „Стара Вада“,
-регулационите корита на Дурачка Река,
-регулацијата кај Дол Единство,
-долниот дел од регулацијата на Домачки Дол,
-просторот покрај двата локални патишта кон манастирот Св. Јоаким Осоговски,
-делови од речното корито на Крива Река,
-како и други помали површини.

Паралелно, вработените од комуналното претпријатие ги одржуваа уредените зелени површини во урбаното подрачје и околу детските игралишта.

Со оглед на тоа што временските услови се поволни за интензивен раст и развој на тревната вегетација, на одредени локации се вршат и повеќекратни косења.

 

Големина на фонт
Контраст