Јавен повик за угостители и сместувачки капацитети за изразување на интерес за вклучување во Проектот „Македонија на дланка – Визуелен 360° туристичко-географски водич низ Македонија“, т.е. 360° визуелно претставување на локации низ Општината на интернет сајтот „www.macedoniafromabove.mk“

Почитувани угостители и сопственици на сместувачки капацитети,

Со цел унапредување на промоцијата на туристички и угостителски капацитети во општина Крива Паланка преку примена на ИТ алатки за промоција “Визуелен 360° туристички водич“, како форма на поддршка на општината на угостителскиот сектор и сопствениците на сместувачки капацитети на локално ниво, Општина Крива Паланка објавува јавен повик за изразување на интерес за вклучување на локалните угостителски и сместувачки објекти во Проектот „Македонија на дланка – Визуелен 360° туристичко-географски водич низ Македонија“, т.е.  360° визуелно претставување на локации низ Општината на интернет сајтот „www.macedoniafromabove.mk“.

Во рамки на проектот е предвидено :

  1. Изработка на 360° панорами од воздух и од земја и нивно поврзување во визуелна прошетка, со додавање на информативни текстови на македонски и англиски јазик, како и дополнителни фотографии и видеа од Вашите угостителски и сместувачки објекти во зависност од можностите.
  2. Промотивна кампања за промоција на Општина Крива Паланка низ Р.С.Македонија, Балканот и Светот, на социјалните мрежи, претставување на саеми за туризам, како и на други медиуми/настани каде што ќе учествува.
  3. Промоција на настаните кои ги организира Општината, и споделување на објави на Општината на социјалните мрежи, кои се однесуваат на туристички и културно-историски цели.

Услови за пријавување:

  • Објектите да бидат регистрирани за вршење на угостителска и сместувачка дејност;
  • Угостителските и сместувачки објекти треба да располагаат со минимален капацитет од: 50 гости за угостители и 30 гости за сместувачки капацитети;
  • Угостителските и сместувачки објекти да се лоцирани на територијата на Oпштина Крива Паланка.

Ве охрабруваме да изразите интерес за вклучување во горенаведениот проект со испраќање на порака со назнака „ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ  ВО ПРОЕКТ “Визуелен 360° туристички водич“ со следната содржина: целосен назив на правно лице, адреса и контакти ( е-маил и телефон ) од лице за контакт, на следната е-маил адреса [email protected]  или во просториите на Општина Крива Паланка, ул. Св.Јоаким Осоговски бр.175, Одделение за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија.

Бројот на угостителски и сместувачки објекти кои што ќе бидат вклучени ќе зависи од расположливиот буџет за овој проект.

Рок за пријавување: 5 дена од денот на објавување.

Со почит,
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Сашко Митовски

Големина на фонт
Контраст