Градоначалник

Сашко Митовски е роден 14.05.1987 година во Крива Паланка. Основно и средно образование завршил во родниот крај. Високо образование има завршено на УТМС-Економски факултет во 2018 година, научна област економија. Има 34 години, оженет, татко на 3 малолетни деца. Успешен приватен бизнисмен – сопственик на угостителски објекти Национален ресторан Воденица 3 и кафебар Select caffe.
Сашкo Митовски  уште во средношколските денови почнува да ги покажува своите афинитети за организација и креативност. Во средно училеште е Претседател на училишна заедница, каде организира многу настани. Во тоа време почнува да огранизира многу бројни концерти, забави, културни и спортски манифестации и настани кои го привлекуваат вниманието на учениците, но и на пошироката јавност.

Тој е и организатор на турнир во малфудбал. Со организацијата на сите настани до израз доаѓа неговата креативност, каде користи работи што дотогаш не се видени во нашиот град.

Сашко Митовски во периодот 2004 – 2006 година е претседател на невладината организација Регионален центар за развој, со многуте проекти кој ги менаџира и спроведива почнува да го менува ликот на Општина Крива Паланка.

Сашко Митовски веднаш по завршувањето на средното образование како млад претприемач отвара свој бутик и печатница. Од 2010 година е сопственик на Национален ресторан Воденица 3, додека од 2014 година е сопственик на кафе бар Select caffe, во еден период од 2016-2018 година го менаџира и објектот Пица бар Select. Неговите угостителски објекти се препознаени во целата држава и регионот. Сашко Митовски континуирано вложува во својот кадар и во растењето на бизнисот, внесува новитети и креативни решенија.

Адреса: Градоначалник на Oпштина Крива Паланка
ул. Св.Јоаким Осоговски бр.175
Крива Паланка

Тел./факс:  031-375-035
е-маил: [email protected]
Линк до Facebook страна: https://www.facebook.com/saskomitovskigradonacalnik/
Линк до Instagram профил: https://www.instagram.com/sasko.mitovski/

 

 

 

 

 

Анкетен лист на градоначалникот на општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст