Општина Крива Паланка го започнува процесот на подготовка на Буџетот за 2027 година, кој ќе се изработува во партнерство со граѓаните – транспарентно, отчетно и инклузивно.

Со цел да се овозможи што поголемо и директно вклучување на граѓаните и различните целни групи, Општина Крива Паланка и годинава вклучува повеќе инклузивни и транспарентни процедури – алатки, преку кои секој заинтересиран граѓанин може да даде свој придонес во креирањето на буџетот и тоа:

  • Релизација на буџетски форум.

Во рамките на партиципативниот процес, Општината ќе организира „Родово одговорен буџетски форум“ каде ќе се разгледуваат потребите и приоритетите на различни групи граѓани, со посебен фокус на родовата еднаквост и инклузивноста во распределбата на буџетските средства. На форумот може да земат учество сите заинтересирани граѓани, а датумот, часот и местото на одржување ќе бидат транспарентно објавени на општинската веб страница.

  • Онлајн анкета за доставување предлози.

Граѓаните можат да ги споделат своите идеи, предлози и приоритети за буџетот и по електронски пат, преку пополнување на онлајн анкетата, која  ќе биде  достапна на  линк, на веб страната на општината и

  • Отворени денови – „Недела на идеи и предлози за буџетот 2026“

– Заинтересираните граѓани може да ги доставуваат своите предлози и идеи до 18 декември 2026 г. од 7.30 ч. До 15.30 ч. секој работен ден.
– место: Архива на општина.

Линк за онлајн Анкета https//docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTUZWajGlyR-ltTdzb3nx0EijIrf9YDKdlX1v7-nTaD211kg/viewform