Крива Паланка ја продолжува соработката со UN Women за унапредување на родово одговорното буџетирање

Општина Крива Паланка продолжува да ги надградува резултатите од долгогодишната соработка со UN Women, во рамки на проектот за родово одговорно буџетирање, со поддршка на амбасадите на Шведска и Швајцарија во земјава.

На денешната средба со претставниците на UN Women и претставничките на двете амбасади беа презентирани постигнатите резултати и практиките што Општината ги применува како резултат на досегашната соработка, преку обуки, менторска поддршка и размена на искуства.

Стекнатите знаења се интегрираат во планирањето на општинските програми и буџетот, при што се земаат предвид потребите и приоритетите на жените и мажите.

 Позитивен пример за придонесот на овој пристап е реализираната активност во рамки на проектот на НАЛАС „Вклучување на родовата перспектива во испораката на локаните услуги“ финансиран од UN Women со експертска поддршка од страна на ЗЕЛС, каде е поставена е нова урбана еко-инфраструктура за селекција на отпад – „Еко Лаб“, како идеја произлезена од предлозите на жените од општината, која покажува колку е важно нивното активно учество во препознавањето на локалните потреби и креирањето иницијативи од јавен интерес.

Партнерството со UN Women продолжува и во наредниот период, со заложба за примена и унапредување на инклузивниот пристап и во други области од општинското работење.