Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да земат учество на собирите, со цел остварување на правото на учество во изборот на претставници на месните заедници и придонес кон нивното функционирање и унапредување.
Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека на 31 октомври 2026 година (сабота) ќе се одржат собири за избор на членови на советите на месните заедници во населените места Градец и Конопница.
Собирите ќе се одржат според следниот распоред:
Месна заедница Градец
Место на одржување: М. Ливади, с. Градец
Датум: 31 октомври 2026 година
Време: 16:00 часот
Месна заедница Конопница
Место на одржување: Училиштето во с. Конопница
Датум: 31 октомври 2026 година
Време: 17:00 часот
Секој граѓанин кој ќе присуствува на собирите е должен да поседува важечки документ за лична идентификација.