Од 25 до 27 август 2026 година, Крива Паланка ќе биде домаќин на XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој повеќе од две децении ја негува традицијата и ги поврзува културите и народите.
На фестивалската сцена ќе настапат бројни фолклорни ансамбли од 10 земји – Македонија, Полска, Холандија, Црна Гора, Турција, Словачка, Хрватска, Србија, Бугарија и Украина, претставувајќи го богатството на народните носии, песни, ора и обичаи.
Секоја од трите фестивалски вечери ќе започне со дефиле во 18:30 часот, по различна маршрута кон Градскиот плоштад, а фестивалската програма започнува во 19:30 часот.
25 август – прва фестивалска вечер
📍 Дефиле: Три срца – Осичка Маала → Градски плоштад
🕡 18:30 часот – почеток на дефилето
🕢 19:30 часот – фестивалска програма
26 август – втора фестивалска вечер
📍 Дефиле: Житни → Градски плоштад
🕡 18:30 часот – почеток на дефилето
🕢 19:30 часот – фестивалска програма
27 август – трета фестивалска вечер
📍 Дефиле: Куков Дол (кај кош) → Градски плоштад
🕡 18:30 часот – почеток на дефилето
🕢 19:30 часот – фестивалска програма
Ги покануваме граѓаните и гостите да ги проследат дефилеата и фестивалските вечери и заедно да бидеме дел од три дена исполнети со традиција, култура и пријателство без граници.
Добредојдовте во Крива Паланка – на XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“!





