По 30 години, сениорскиот фудбал повторно се враќа во Крива Паланка

Крива Паланка повторно има свој сениорски фудбалски тим, со што по три децении се враќа една од спортските традиции што со години недостасуваше во градот.

Со настапите на „Академија Осогово 2022 – Крива Паланка“, фудбалот повторно добива свое место на спортската мапа на градот, а стадионот, дресовите и трибините повторно стануваат дел од заедничката спортска енергија на кривопаланчани.

За Крива Паланка, ова не е само враќање на еден спорт. Ова е враќање на традицијата, на спортската гордост и на заедничката страст кон фудбалот, која низ годините продолжи да живее меѓу генерациите.

Денешниот момент го одбележаа големата поддршка од трибините и ентузијазмот на граѓаните, потврдувајќи дека фудбалот и натаму има посебно место во срцата на кривопаланчани.

По 30 години, враќањето на сениорскиот фудбал во градот е и поттик за создавање нови спортски можности за младите и за развој на генерации кои ќе растат со љубов кон спортот, ќе тренираат, ќе се натпреваруваат и ќе ги градат своите спортски соништа токму во својот град.

Ова е само почеток на една нова фудбалска приказна.

Општина Крива Паланка упатува честитки до „Академија Осогово 2022 – Крива Паланка“, до фудбалерите, стручниот штаб и сите кои придонесоа фудбалот по 30 години повторно да биде дел од спортскиот живот на градот.