Јавен повик за изнајмување на продажен штанд за време на манифастации и настани, на претходно утврдени локации од тезги и  монтажно – демонтажни објекти

Општина Крива Паланка ги известува сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд за време на манифастации и настани ,на претходно утврдени локации од тезги и  монтажно – демонтажни објекти, поставени од страна на Општина Крива Паланка  и тоа на Спортски комплекс на локација VII, под број 1, 2, 26,27 и 28 ,кај Градски плоштад на локација II, под број од 51 до 67 и локација III под број од 23-26 за термин  29.08.2026 година, согласно Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Крива Паланка  , дека можат да поднесат Барање до Општината за одобрување на некоја од дефинираните локации од 12.08.2026 година па се до  искористување на локациите.

Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат Барање до Одделение за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот, по претходно платена административна такса за поднесување на барањето, како и утврдена и платена комунална такса за користење на јавни површини и надоместок за закуп на јавен простор/објект. Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот, на начин кој ќе биде утврден во договорот за утврдување на условите за изнајмување и користење на продажен штанд, кој ќе биде склучен помеѓу Општината и корисникот.

Барателите можат да изнајмат продажен штанд

-на локација VII за продажба на:
1.Пијалоци

на локација II за продажба на:
1.Сувенири и ракотворби
2.Детски играчки
3.Текстил
3.Пијалоци

на локација III за продажба на:
1.Сувенири и ракотворби
2.Детски играчки
3.Текстил
3.Пијалоци

Поставените монтажно – демонтажни објекти и штандови ќе имаат можност да бидат со работно време од 10:00 часот па се до завршување на настанот.

Одредувањето на локацијата со продажен штанд ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
        Одделение за урбанизам и
     заштита на  животната средина