Општина Крива Паланка се вклучува во превентивните активности на МВР и РСБСП со пораката „Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и одговорно“, со цел да се заштитат сите учесници во сообраќајот и да се почитуваат новите законски прописи и сообраќајни правила.
Целта на кампањата е потсетување на сите учесници во сообраќајот на важноста од почитување на правилата и меќусебната толеранција, при што ќе бидат опфатени најчестите ризици со кои се соочуваат возачите на велосипеди и електрични тротинети, ќе бидат упатени конкретни совети за безбедно учество во сообраќајот, а како крајна цел ќе биде поттикнување култура на заедничка одговорност меѓу сите учесници во сообраќајот.
Преку едукативни видеа, теренски активности и соработка на МВР со локалните самиуправи, училишта и ГО, кампањата ќе придонесе за подобра информираност и заштита на овие најранливи групи на учесници во сообраќајот.
Со заеднички ангажман, градиме побезбедна и поодговорна сообрќајна култура за сите нас.





