Реализирана креативната работилница „Во светот на креативноста“

Во рамки на „Кривопаланечко културно лето 2026“, во просториите на ЛУ Гхрадски музеј– Крива Паланка, успешно се одржа креативната работилница „Во светот на креативноста“, под менторство на Оливера Станковска.

Работилницата обедини учесници од сите генерации, кои со многу инспирација, посветеност и љубов кон уметноста работеа на изработка на етно мотиви на порцелан. Преку креативен израз и традиционални елементи, настанаа уникатни дела кои го слават културното богатство и уметничкиот дух на нашето поднебје.

Овој настан уште еднаш ја потврди важноста на ваквите креативни содржини кои поттикнуваат творештво, поврзување и зачувување на традицијата низ современ уметнички израз.

„Кривопаланечко културно лето 2026“ продолжува да ја збогатува културната сцена со разновидни и инспиративни настани за сите генерации.