С О О П Ш Т Е Н И Е до граѓаните на Општина Крива Паланка за избори на членови на Совети на Месни заедници

С О О П Ш Т Е Н И Е

до граѓаните на Општина Крива Паланка

          И З Б О Р И

ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Врз основа на член 84 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 89 став (2) од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23, 05/23, 14/23 05/24 и 09/24) и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18), Градоначалникот на Општина Крива Паланка свикува Собири на граѓани. На собирите ќе се изврши избор на членови на Совет на месните заедници.

Изборите за членови на Советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Општина Крива Паланка ќе се спроведат во периодот од 16.03.2026 до 15.09.2026 година.

Распоредот на одржување на Собирите на граѓани ќе се утврдува и објавува согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).

 

Општина Крива Паланка Ве поканува да присуствувате на Собирот на граѓани во Вашата месна заедница, по следниот редослед:

 

Реден број       Месна заедница              Локација      Датум    Час
1  Крстов Дол М.Масларци, с.Крстов Дол 05.08.2026 13:00
2  Мала Црцорија м.Ширина, с.М.Црцорија 05.08.2026 14:00
3  Дубровница Училиште, с.Дубровница 06.08.2026 13:00
4 Подржи Коњ Средна Мала, с.П.Коњ 06.08.2026 14:00
5 Голема Црцорија м.Слатиње, с.Г.Црцорија 07.08.2026 13.00
6  Луке трпезарија на гро, с.Луке 07.08.2026 14:30
7  Борово г.училиште, с.Мождивњак 11.08.2026 12:00
8  Осиче Училиште, с.Осиче 11.08.2026 14:00
9   Костур sobori{te, s.Kostur 12.08.2026 12:00
10 Жидилово Uчiliшte, s.Жидилово 12.08.2026 14:00
11 Метежево М.Николинци,с.Метежево 13.08.2026 12:00
12 Габар Училиште, с.Габар 13.08.2026 13:30
13 Огут Училиште, с.Огут 14.08.2026 12:00
14 Нерав Училиште, с.Нерав 14.08.2026 14:00
15 Лозаново Г.станица, с.Лозаново 18.08.2026 13:00
16 Градец М.Ливади, с.Градец 18.08.2026 14.30
17 БС м.Чешма, с.БС 19.08.2026 13:00
18 Станци Училиште, с.Станци 21.08.2026 13:00
19 Дурачка Река Училиште, с.Д.Река 21.08.2026 14:30
20 Дренак Училиште, с.Дренак 22.08.2026 12:00
21 Длабочица и Баштево Училиште, с.Мождивњак 22.08.2026 15:00
22 Мождивњак трп.на цркв,с.Мождивњак 22.08.2026 17:00
23 Конопница Училиште, с.Конопница 22.08.2026 19:00

 

Во урбаните заедници во градот, собирите на граѓани ќе се закажуваат и објавуваат тековно согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).

НАПОМЕНА: Секој граѓанин е должен на Собирот на граѓани да поседува документ за лична идентификација.

Општина Крива Паланка

Градоначалник

Сашко  Митовски