Врз основа на член 62 и член 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25) и член 23 од Статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на општината Крива Паланка“ бр. 08/10, 08/14, 02/18, 03/19, 08/21, 01/23 и 05/23) градоначалникот на Oпштина Крива Паланка го дава следното
Изработката на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Општина Крива Паланка.
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект, целосно ги опфаќа КП1227, КП1228, КП1229, КП1230, КП1231, КП1232, КП1233, КП1234, КП1235, КП1236, КП2322, КП2323, КП2324 КО Конопница Општина Крива Паланка и дел од КП1226, КП1237, КП1291, КП2321, КП1312, КП1317, КП6528 КО Конопница и дел од КП10130/1 КО Градец Општина Крива Паланка.
Површината на опфатот изнесува 32.227,04м², односно 3.22ха.
Проектниот опфат е со намена:
–Е1.6 Градби за пречистување на отпадни води
–Д2 Заштитно и сообраќајно зеленило
Опфатот на Урбанистичкиот проект е дефиниран во следните граници:
-Дефинираниот простор се протега низ катастарските општини КО Конопница и КО Градец, на територија на Општина Крива Паланка,
-југозападно од градот Крива Паланка, помеѓу селата Конопница и Т‘лминци, во месноста „Добрава“ на нерамен терен со надморска височина од 570 до 605 мнв.
Подрачјето на проектниот опфат на урбанистичкиот проект во најголем дел е неизградено земјиште, низ кое поминува природниот водотек Боголожин Дол, пред неговото вливање во реката Крива Река.
Сообраќајната поврзаност на локацијата е релативно поволна, имајќи ја предвид нејзината непосредна близина до магистралниот пат М-2.
Пешачкиот и колскиот пристап до локацијата на проектниот опфат се обезбедуваат од нејзината јужна страна, преку уличен крак што се одвојува од Пристапна улица 1 (планирана со Урбанистички план вон населено место за изградба на локална депонија за одлагање неопасен отпад со намена Е3.1 и згради за ветеринарна заштита: стационари и ординации за домашни миленичиња со намена В2.9 во КО Конопница, место викано Габрика, Крива Паланка, изработен од Инпума со технички број 64/23 од Ноември 2023 година-во постапка на донесување), преку раскрсница се приклучува на магистралниот пат М-2.
Проектна документација се изработува по иницијатива од страна на Општина Крива Паланка.
Јавниот увид за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Општина Крива Паланка ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјана службена веб страна на Општина Крива Паланка :
Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 27.03.2026 година заклучно до 17.04.2026 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките, што се објавува на службена веб страна и му се испраќа на изработувачот на урабанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски




