Дневен ред на 7-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник  на РМ“ бр.5/2002 год. и„Службен весник на РСМ“ 202/24) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 7-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 13.03.2026 година (петок ) во 12,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

  1. Предлог-Одлука за усвојување на извештај за работа на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка  за 2025 година
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работа на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2025 година;
  3. Предлог – Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2025 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ Крива Паланка за 2025 година;
  5. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Илинден“ Крива Паланка за 2025 година;
  6. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Св.Јоаким Крчовски“ Крива Паланка за 2025 година;
  7. Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Средното општинско  училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за 2025 година;
  8. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за 2025 година;
  9. Предлог-Одлука за давање согласност на финансиски извештај за IV квартал  за финансиско работење  на ЈП Комуналец  Крива Паланка ;
  10. Предлог-Одлука за давање согласност  на  финансиски  план на   ЈП Комуналец Крива Паланка за 2026 година
  11. Предлог – Одлука за давање согласност на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2025 година;
  12. Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата  за работа на ЈП Комуналец  за 2026 година;
  13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за остранување на изумрени животни
  14. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за определување  на цената на работна рака за изработка на приклучок на улична водоводна  и канализациона мрежа со која стопанисува ЈП Комуналец  Крива Паланка
  15. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештај по програма на ЈП Калин Камен –Крива Паланка за 2025 година ;
  16. Предлог – Одлука за давање согласност на Завршна сметка на ЈП „Калин Камен “ Крива Паланка за 2025 година ;
  17. Предлог – Одлука задавање согласност на Програмата за работа на ЈП Калин Камен  Крива Паланка  за 2026 година
  18. Предлог-Одлука за давање согласност за завршната сметка на фондацијата „Со срце за Крива Паланка „Крива Паланка за 2025 година ;
  19. Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за  IV  квартал за 2025 година;
  20. Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година;
  21. Предлог -Одлука за измена на Одлуката  за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година
  22. Предлог- Одлука за доделување на Признание за најуспешен просветен работник во одделенска настава и Признание за најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на Општина Крива Паланка за учебната 2025/2026 година
  23. Предлог – Програма за превентивна дезинсекција и дератизација воОпштина Крива Паланка за 2026 година
  24. Предлог-Одлука за за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка.
  25. Предлог-Решение за формирање Комисија за заштита на пациентите на Општина Крива Паланка

  СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                    Претседател,
                                                                                                         Миле Трајковски , с.р

Големина на фонт
Контраст