Со цел поквалитетно чистење на снегот и ледот од коловозните и тротоарските површини, општинските надлежни служби ги известуваат граѓаните да ги отстранат паркираните патнички и товарни возила од коловозните површини на улиците, односно да не ги паркираат возила на улиците особено кога има најави за врнежи на снег, а посебно кога врне снег .
Посебно се известуваат граѓаните да не ги паркираат патничките и товарните возила на тротоарските површини на главната улица Св. ,,Јоаким Осоговски,, за да можат задолжените работници за зимско одржување на тротоарите навремено, целосно и непречено да ги чистат .
Вооедно се потсетуваат и сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на општина Крива Паланка, дека во услови на снежни врнежи се должни веднаш да го чистат снегот и ледот пред нивните објекти со цел да се обезбеди непречен пристап до истите.
Отстранувањето на снегот и ледот од јавните површини пред деловни објекти претставува обврска согласно членот 22 од Законот за јавна чистота и согласно Одлуката за комунален ред и нејзино спроведување на подрачјето на општината Крива Паланка.
Доколку сопствениците или корисниците на деловните објекти не го исчистат снегот и ледот пред нивните објекти, надлежните комунално редарски и инспекциски служби ќе ги превземат соодветните предвидени законски мерки.




