Со голема радост, Општина Крива Паланка денес ја реализира исплатата од 3.000 денари за секое прваче во основните училишта во општината.
Оваа мерка, што успешно се спроведува четврта година по ред, претставува симболичен, но искрен гест на поддршка и охрабрување за најмладите ученици и нивните семејства, во моментот кога започнуваат едно од најважните животни патувања – образованието и носи една искрена порака до семејствата, дека секое дете е нашата највредна инвестиција и најубава надеж за иднината.
Со оваа поддршка, Општината им посакува на сите првачиња успешни училишни денови и среќно и радосно детство, исполнето со љубопитност, љубов кон знаењето и гордост што растат во Крива Паланка – општина која ги поддржува младите, им верува и гради подобра иднина за нив и нивните семејства.





