Работна средба зa управување со отпад со вклучена родова перспектива

Општина Крива Паланка, на Јавниот повик на ЗЕЛС е избрана за изработка на студија на случај и креирање на мерка, како и имплементација на истата, во рамки  на проектот „Вклучување на родовата перспектива во испораката на локални услуги низ Југоисточна Европа”. Проектот се спроведува преку НАЛАС (мрежа на асоциации на локални власти во југоисточна европа) а со финансиска поддршка од UN Women и експертска поддршка од ЗЕЛС.

На работната средба, која се одржа на 30.10.2025 година во просториите на Општина Крива Паланка, прусуствуваа претставници од ЗЕЛС, претставници од НАЛАС, од локална самоуправа и координаторката за Еднакви можности. Во рамки на работната средба беа дискутирани конкретни предлози и разгледувани беа мерки за подобрување на системот за управување со отпад. Разговорите беа насочени кон  идентификување на активности и мерки, со цел, процесот да стане поефикасен, поодржлив и поправеден, преку активно вклучување на жените и мажите во сите фази на донесување одлуки и спроведување на активности на локално ниво.

Целта е да се развијат креативни и практични решенија кои ќе ги земат предвид потребите и улогите на жените и мажите во процесот на одржливо управување со отпад и ќе дадат свој придонес во циркуларната економија.

Во наредниот период ќе биде презентирана и самата мерка која ќе се имплементира во Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст