Општина Крива Паланка изминатиот викенд беше домаќин на незаборавни концертни вечери, кои ќе останат запаметени како едни од најголемите музички настани во регионот.
На Градскиот стадион, пред повеќе од 50.000 посетители, на 29 август, настапија врвни музички имиња: Цеца Ражњатовиќ, Дејан Петровиќ со Биг Бенд, Никола Станишиќ, Мики Секуловски и ДЈ Галoвски. Публиката уживаше во вистински музички спектакл исполнет со енергија, радост и заедништво.
Во втората концертна вечер, со свој настап пред кривопаланечката публика блеснаа харизматичниот Саша Ковачевиќ и светски познатиот DJ Tom Novy. Под отворено небо, илјадници посетители од цела Македонија и регионот ја споделија истата емоција и атмосфера на големо заедништво.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка упати јавна благодарност до сите кои придонесоа за организацијата и реализацијата на настаните – институциите, спонзорите, тимовите за логистика, како и граѓаните на Крива Паланка кои покажаа вистинско домаќинство и гостопримство.
„Крива Паланка покажа дека е град кој знае да организира големи културни настани и да биде вистински домаќин на илјадници посетители. Овие вечери го потврдија нашето заедништво и силната посветеност за развој на културата и уметноста во нашиот град,“ истакна градоначалникот Сашко Митовски.
Со овие концерти, Крива Паланка уште еднаш се потврди како центар на културата и забавата, отворајќи нова страница во афирмацијата на градот како атрактивна туристичка и културна дестинација.