20-тиот Јубилеен Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ – успешно заокружен

Во периодот од 25 до 27 август 2025 година, Крива Паланка беше вистински епицентар на фолклорот и културната размена. Со три фестивалски вечери исполнети со танци, музика и традиција, успешно се одржа 20-тиот Јубилеен Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.

На сцената настапија фолклорни ансамбли од Македонија, Кипар, Црна Гора, Србија и Романија, кои со своите колоритни носии, песни и игри донесоа дел од културното богатство на своите земји.

Фестивалот беше збогатен и со настапи на македонските уметници:
25 август – Александар Јовевски со проект „Од колено на колено“
26 август – Сашко Јовев со програмата „Од изворот“
27 август – Андријана Јаневска со проект „Митан“

Паралелно со фестивалот, на градскиот плоштад се одржа и манифестацијата „Шопско село“, која со традиционални вкусови, домашни ракотворби и културни содржини ја збогати празничната атмосфера. Оваа година централна тема беше „Зелникот на баба“, симбол на топлината и богатството на македонската домашна кујна.

Три дена исполнети со музика, танци, вкусови и пријателства ја претворија Крива Паланка во сцена на културно заедништво и радост.

Благодарност до сите ансамбли, уметници, гости и граѓани што беа дел од овој јубилеј и помогнаа да се зачува духот на традицијата и културната размена.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст