На 22 август, на Градскиот плоштад, во рамки на богатата програма на Кривопаланечко културно лето, публиката уживаше во вистински музички спектакл.
Групата „Бело Копче“ со својот препознатлив автентичен звук и легендарните хитови на „Бијело Дугме“ предизвикаа спомени, носталгија и силни емоции кај присутните.
Публиката пееше заедно со нив, сцената беше исполнета со енергија и овации, а мајсторскиот звук на трубите , имено, заштитниот белег на „Бијело Дугме“ , ја претвори вечерта во незаборавно музичко доживување.
Дел од една магична вечер која уште долго ќе се памети во ритамот на најголемите рок хитови!
Продолжуваме и понатаму со богатата програма на кривопаланечко културно лето 2025, лето исполнето со забава, игра и културна размена.