КРИВА ПАЛАНКА ВО АВГУСТ 2025 – ЕПИЦЕНТАРОТ НА КУЛТУРНИТЕ СЛУЧУВАЊА

Во периодот од 18 до 30 август 2025 година, Крива Паланка ќе прерасне во вистински културен, забавен и духовен центар на регионот, нудејќи им на жителите и на посетителите ширум државата и надвор од границите, незаборавно доживување исполнето со музика, традиција, уметност, спорт и духовни вредности.

Преку разновидни содржини кои опфаќаат уметнички изведби, интернационален фолклор, современа музика, спортски активности и духовни настани, Крива Паланка ќе биде место каде што традицијата се спојува со современите културни изрази, создавајќи платформа за дијалог меѓу генерациите, култури и вредности.

,, Горди сме што Крива Паланка оваа година претставува синоним за културно обединувње, за афирмација на македонското наследство, но и за современ пристап кон уметноста и забавата. Нашата цел е да ја почувствувате душата на Крива Паланка преку песна, игра, вкус, спортски активности, духовност и гостопримство.  Со отворени срца ги пречекуваме сите гости и пријатели да бидат дел од ова лето што ќе се памети.“ – истакна градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.“

Културна програма што поврзува

18–22 август 2025 – „Фудбал за сите“, спортска манифестација за најмладите, организирана од Сојузот на општински спортови, на градскиот стадион. Настанот има цел да ја промовира спортската дружба и здравите навики кај младата генерација.

22 август 2025 – Музичка вечер со трибут на легендарната група „Бјело Дугме“ во изведба на „Бјело копче“. Концерт со вечни хитови кои ги поврзуваат генерациите.
25–27 август 2025 – 20-ти јубилеен Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, со учество на ансамбли од повеќе земји. Фестивалот е симбол на традицијата и културната размена, кој две децении го носи духот на различните народи во Крива Паланка.
25–27 август 2025 – Манифестација „Шопско село“, уникатен фестивал на традиционална храна и ракотворби. Оваа година централна тема е „Зелникот на баба“, симбол на домашната кујна и топлината на македонското семејство.
25 август – настап на Александар Јовевски и проектот ,, од колено на колено“
26 август – настап на Сашко Јовев ,, Од изворот“
27 август – настап на Андријана Јаневска и проект „Митан“
28 август 2025 – Голем духовен чин: осветување на православниот граѓански крст, настан од особено значење за верниците и граѓаните на Крива Паланка.
29 август 2025 – Музичка вечер со Мирза Селимовиќ, Цеца и ДЈ Галовски, спектакл кој ветува преполна  на Градскиот стадион.
30 август 2025 – Завршна вечер со незаборавна забава: Дејан Петровиќ и Биг Бенд, Саша Ковачевиќ и ДЈ Том Нови, кои ќе донесат вистинска енергија за големо финале на летниот фестивалски маратон.

Со својата енергична, богата и квалитетна програма, Крива Паланка не само што го слави културното наследство, туку го гради својот идентитет како современа општина отворена кон светот, но длабоко вкоренета во своите вредности.

Гостопримството на жителите на Крива Паланка во комбинација со богатата програма, создава неповторлива атмосфера која секоја година носи нови пријателства и спомени.

Ги покануваме сите медиуми и граѓани да бидат дел од настаните и да ја споделат оваа приказна што ги обединува луѓето преку културата.

Повелете придружете ни се, не дозволувајте да ви раскажуваат.

Големина на фонт
Контраст