На 2 август, пред спомен обележјето, и пред општинската зграда делегации од Општина Крива Паланка, Советот на Општина Крива Паланка, претставници на политичките партии, претставници од јавни институции и здруженија положија цвеќе и оддадоа почит пред великаните што со крв и борба се изборија за нашата слобода, за државата.
Длабока почит за нивната пожртвуваност, даден живот за нашата слобода, држава и иднината што ни ја оставија.
Илинден – синоним на непокор, завет, за светлина во мракот, за чест.
Нека е вечен Илинден!