Дневен ред на 56-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Бр. 09-4444/1
25.07.2025 год.
Крива Паланка

ДО_________________________________________________________________________
КРИВА ПАЛАНКА

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 56-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 01.08.2025 година (петок ) во 10,00 часот.

Д н е в е н р е д:

Усвојување на записик од 55 седница на совет

1. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за II Квартал за 2025 година;
2. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година
3. Предлог-Одлука за давање на согласност за трансфер на средства на НУ Центар за култура – Крива Паланка за реализација на проектите „Паланечка дума“ и „Лирски треперења
4. Предлог-Одлука за за давање на согласност за трансфер на средства на НУ Центар за култура – Крива Паланка за реализација на проектите „Фолкорот и етнологијата на кривопаланечко“, „Надарени“и „Отварање и поддршка на нови студија“
5. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за изведување на градба Македонски православен крст на к.п.бр.221, КО Мартиница, Општина Крива Пaланка
6. Предлог-Одлука за усвојување на изменување и дополнување на Програмата за работа на Фондацијата „ Со срце за Крива Паланка „ за 2025 година
7. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за работа на Годишна програма за работа на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ –Крива Паланка за учебната 2024/2025 година
8. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за работа на Општински ученичкидом „Боро Менков“ – Крива Паланка за учебната 2025/2026 година
9. Предлог-Одлука за давање согласност на барањето за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2025/2026 година за СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка
10. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Развојна Пограма JEA за„Поставување на урбана опрема, од монтажно- демонтажен објект (катна гаража) на уредена јавна површина, кај градски пазар во Општина Крива Паланка кој е предвиден на КП 2935, КП 2934, КП 2947/2 и КП 2949“, -фаза 1.1 за периодот 2025-2027 година

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска , с.р

Големина на фонт
Контраст