Вчеравечер, многубројната публика на отворената летна сцена на Градски плоштад со големо внимание и уживање го проследи неверојатното шоу со прецизни движења и акробации на неверојатните уметници Димитар Велков и Сашо Цветковски.
Нивните креативни движења комбинирани со хумор и магија создадоа вечер исполнета со дружба, забава, детска смеа и шоу за сите љубители на уметноста и изненадувањата.
Градот можеби не зборува, но преку насмевките и задоволството на лицата на своите сограѓани тој испраќа порака – културата живее кога е близу до луѓето. Во наредниот период најавуваме уште многу културни настани кој ќе го задржат вниманието на јавноста.
Културно лето 2025, Крива Паланка.