Кривопаланчани имаа посебна можност да ги разгалат своите сетила во прекрасниот амбиент на Градскиот плоштад -летна сцена, каде во духот на кривопаланечката традиција се лелееше звукот на чалгиите, будејќи спомени, разигрувајќи емоции и задржувајќи го вниманието и на случајните минувачи.
Насмеани лица, разиграни срца, овации и аплаузии беше сликата што го исполнуваше Градскиот плоштад.Топлите мелодии на маестралните изведувачи не потсетија на македонската традицијата, уметност и култура.
Продолжува богатата музичка програма , а вчеравечер беше вистинско уживање за сите генерации.