МУЗИЧКА “ТРЕСКА” НА 29 И 30 АВГУСТ – СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН КРИВА ПАЛАНКА

Крива Паланка како вистински домаќин и оваа година организира двоен музички спектакл по повод празникот ПРЕЧИСТА БОГОРОДИЦА- заштитничка на градот.
29 и 30 август, Крива Паланка ќе пулсира под рефлекторите во ритамот на музиката, емоциите во духот на заедништвото.

Локација: Градски стадион – Крива Паланка,
Под мотото: ,, Два дена. Една сцена. Безвременска енергија. ”
И вистинска музичка експлозија од големите хитови на познатите домашни и странски музички имиња.

ПЕТОК , 29 АВГУСТ
21:00 часот | Мирза Селимовиќ – Балканска емоција со глас кој освојува;
23:00 часот | Цеца Ражњатовиќ – Балканска дива, ексклузивно во Крива Паланка;
00:00 часот | DJ Galoski -Денс забава под отворено небо.
Три големи имиња Илјадници посетители. Домаќински пречек.

САБОТА, 30 АВГУСТ
21:00 часот | Дејан Петровиќ Биг Бенд – труби што горат на подиумот;
23:00 часот | Саша Ковачевиќ – харизматичниот и неповторлив музички изведувач на познатите хитови што ги пеат сите генерации;
01:00 часот | DJ Tom Novy – финалето го запечатува хаус легендата од Германија.
Емоции, енергија и спектакл до зори.

Не дозволувајте да ви раскажуваат. Бидете дел од вистинската музичка магија во Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст